Posts

Image
  Домашни Питулици со Лук Состојки за кашата: - 3 шољи брашно - 1-2 лажици масло - 1/2 лажиче сода бихарбона - 1/2 лажиче сол - 4,5 шолји кисела вода Состојки за макалото со лук: - 1 главица лук  - 1 лажиче сол - 1/3 чаша масло - 2 чаши жешка вода Подготовка: 1. Со жица за матење, измешајте си состојките за тестото и оставете ги половина до саат време да отстојат. 2. Нелепливо тавче премачкувајте со масло со помош на силиконска четка и истурете по една кутлача од кашата. Печете како за палачинки. 3. Пред да ја превртите почекајте доволно да се испечи за да не се кини. (Јас успеав првите две салата да ги направам :)  4. Истолчете го лукот во аван, со постепено додавање на маслото и дел од солта, па на крај додадете ги останатите работи. 5 .   Секоја питулица се мака убаво во течноста и се витка во ролничка, па се реди на чинија. 6. Останатата течност прелијте ја врз зароланите питулици. Aко има потреба, во меѓувреме, придодадете по малку жешка вода. За...
Image
  Подготовка на Домашни Вафли   За подготовка на Чоколадни Вафли потребни ви се следните состојки: - 1 јајце - 1 прстофат сол - 1 лажица шеќер - 220 мл млеко - 60 мл масло - 250 гр брашно - 2 лажички прашок за пециво Подготовка: Одлични домашни вафли кои може да ги јадете со разни додатоци како мед,крем,овошје... Прво јајцето го кршиме и ја двоиме белката од жолчката. Жолчката ја мешаме со солта,шеќерот,млекото и маслото.Потоа на смесата го додаваме брашното со печивото. Изматената белка ја додаваме кај тестото и добиваме густа смеса. Апаратот за вафли лесно го намастуваме и загреваме и ставаме по една лажица од смесата да се пече.Обично им треба 4-5 минути за да се готови. На здравје!